Иницијатива на швајцарска репортерка "Joy for the planet" се среќава со Европски волонтери во Македонија
- Димитар Димитровски
Во селото Стар Истевник на гости кај младите од Природна перспектива, репортерката Изабел А. Буржу се сретна со Европските волонтери од Зелениот собир (Green summit). Воодушевена од идејата и атмосверата која што се создаде за време на дводневното гостување на волонтерите, Изабел реши да направи кратко видео за да ја сподели со светот иницијативата на Природна перспектива и проектот “Зелен собир“ на здружението Зелен од Р. Бугарија.
Иницијаторите на Природна перспектива Борче Димитровски и Симона Николова беа четириесет и првите номинирани за наградата “Соларна ламба“ која ја изработуваат деца со хендикеп, врачена од Изабел.
Видеото кое беше направено беше објавено и на самата фејсбук страна на European Youth. Погледнете за што станува збор на следното видео тука.